Правиме голема грешка кога климата ја подесуваме на пониски температури: За пониски сметки треба да е што е можно потопло

Со растот на цената на електричната енергија, сè повеќе граѓани се загрижени колку ќе изнесуваат сметките за струја на крајот на месецот. 

Сè почесто како решение за греење се користат клима уреди – особено во преодниот период, а и подоцна ако централното греење не е доволно ефикасно.

Според советите на стручњаците, најоптимална температура за греење со клима е околу 25°C

Многумина погрешно мислат дека ако ја зголемат температурата ќе се стопли побрзо, но тоа само ја зголемува потрошувачката.

Модерните инвертер клими прво работат со полна моќност за да ја постигнат зададената температура, а потоа ја намалуваат потрошувачката. Така, клима со капацитет од 3,5 kW во почеток троши околу 1,2 kW на час, а потоа – при одржување на температурата – само околу 350 W. 

Кај старите модели, потрошувачката останува висока бидејќи работат постојано со полна моќност.

Совети за помала сметка за струја:

  • Подесете температура од 25°C за најдобар баланс меѓу топлина и потрошувачка.

  • Не правете разлика поголема од 10 степени меѓу внатрешната и надворешната температура.

  • Редовно чистете филтри и сервисирајте го уредот.

  • Исклучувајте ја климата кога не сте дома или користете тајмер.

  • Проветрувајте природно кога надвор е потопло.

Со правилно користење, потрошувачката може да се намали и до 30% во текот на грејната сезона. Наместо да ја зголемувате температурата, користете ја климата рационално — сметките ќе бидат пониски, а домот топол и удобен.

Freepik