(ФОТО) Ново специјално издание на „Panerai“ часовници

Мат зелени часовници инспирирани од воената историја на овој бренд...

Конструирано во „Panerai“ производниот погон во Швајцарија, овие парчиња не асоцираат на времето кога овој бренд беше користен како главна опрема за првите подморнички команди на италијанските морнари, односно елитните воени нуркачи кои мораат да поседуваат прецизни тајмери, за детонирање на бомбите и синхронизирање на предизвикувачките подморски мисии. Монохроматската нијанса на зелена боја е специјално одберена, а истата припаѓа на долгата традиција за користење на зелената боја за воените униформи и опреми поради камуфлажата на бојата.

„Panerai“ ги претстави првите десет прототип модели „Radiomir 1936“. До ден денес, часовниците ги имаат истите карактеристики по кои е познат брендот: големо амортизирано куќиште, интегрирани капаци и флуоресцентни броеви и индекси.,

Четирите најнови додатоци на оваа серија вклучуваат автоматски модел со три стрелки, креирани од полиран челик (11.200 долари), GMT модел со куќиште од дијаметар од 45 мм од полиран челик (12.000 долари), GMT модел со резервна енергија на куќиштето (12.200 долари) и рачно навивачки модел со три стрелки, со керамичко куќиште (13.300 долари).

Секој од трите автоматски модели има и би-дирекционен микро ротор, кој доаѓа со резевна енергија од три дена. Сите модели се водоотпорни, а доаѓаат во кутија со сатенски финиширано црешово дрво, со оргинално и резервно ремче.