(ФОТО) Од четири брака има пет деца: Александар Маленко е богат човек
Освен Лора која е негова единствена ќерка од бракот со водителката Сузана Турунџиева, поранешниот македонски пливач Александар Маленко има уште четири сина.
Маленко беше во брак и со актерката и поранешна директорка на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил.
По третпат се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михајловна Фјодорова која ја запозна во перидот додека беше на привремена работа во Москва. За Татјана ова беше четврти брак. И со неа Маленко има син.
Со последната сопруга која не се експонира во јавноста, поранешниот пливач има два сина кои понекогаш ги објавува на социјалните мрежи.
Маленко лани гостуваше во емисијата „Еден на еден“ каде призна дека размислува за проширување на семејството.
- Со сопругата сакаме и шесто и седмо дете. Зошто да не уште една ќерка - порача тој.