ФОТО-ПМФЛ: Дориев со два гола ја урна Македонија ЃП, минимален триумф на Струга против Ак. Пандев

Денеска се одиграни средбите од 17 рунда во ПМФЛ, Струга ТЛ едвај со 1-0 ја победи Академија Пандев и обезбеди есенска титула.

Со голот на Илиески во 70 минута, Струга ТЛ ја совлада Академија Пандев. Шкендија запиша триумф против Македонија во Ѓорче Петров, репрезентативецот Љупчо Дориев автор на два гола.

Брегалница поведе против Шкупи па застана, шампионот стигна до триумф со 3-1.

Резултати:

Македонија ЃП – Шкендија 1-3

Струга ТЛ – Ак. Пандев 1-0

Победа-Скопје 0-0

Шкупи-Брегалница 3-1

Тиквеш – Силекс 0-2

ТАБЕЛА: Струга 36, Шкупи 31, Шкендија 28, Силекс 26, Тиквеш 23, Брегалница 20, Работнички 18, Македонија Ѓорче Петров 17, Академија Пандев 12, Победа 12, Скопје 10.