ФОТО: Победа посилна со 5 нови играчи за дуелот со Шкупи

Комисијата за верификација одобри право за настап уште на денешниот меч со Шкупи на Чаир(16 ч) на петмина нови фудбалери на Победа, објави клубот од Прилеп.

На располагање на тренерот Бабунски ќе бидат интернационалните: Џејмс Амасихоху (22-годишен напаѓач), Амос Дадет (23 годишен играч од средниот ред) и 21 годишниот штопер Огнен Ѓурковиќ.

Нови играчи на Победа се и 23 годишниот играч од средниот ред Миле Тодоров (екс Работнички и Осијек) и 25 годишниот напаѓач Иван Галевски (екс Струга Трим Лум и Силекс).