Спорт // Спорт
ФОТО: Претставен трофејот „Финалисима Куп“, на Вембли ќе играат Италија и Аргентина
Италија и Аргентина, шампиони на Европа и Јужна Америка, утре на Вембли ќе играат за првиот трофеј кој УЕФА и КОНМЕБОЛ го доделуваат за првпат на натпревар од меѓу континенталните прваци.
„Финалисима Куп“ е името на заедничкиот настан, се очекува да биде традиција во иднина, а веќе шампионите на Европа и Јужна Америка играа на вакви натпревари во два наврати, победници биле Франција во 1985 и Аргентина во 1993 година.
УЕФА и КОНМЕБОЛ го претставија и трофејот кој ќе го добие победник, ремек-дело на дизајнерот.