(ФОТО): Раул Гонзалес на двобој со министерот Димитров во Париз

Несомнено знаат да се "борат" и двајцата

Сите се сеќаваме на шпанецот Раул Гонзалес, селекторот кој заедно со Вардарци не направи најгорда ракометна нација. Сега е тренер на ракометниот клуб “ПСЖ” од Франција. Токму во Париз, во македонската амбасада се одржа прием по повод 8-ми Септември, а на која гостин беше и Гонзалес. Таму го пречека министерот за надворешни работи Никола Димитров кој објави заедничка фотографија. На неа се гледа детално различниот стил на еден спортист и еден политичар. Раул во спортска елеганција надополнета со патики, Никола во костум својствен само на негов начин. Ама и двајцата се одлучиле за впечатлив извор на обувки кои комбинирани на вистински начин изгледаат вака: 

Небојша Толески