ФОТО: Шкендија елиминирана по пенал серијата, АИК обезбеди плејоф

Шкендија не успеаја да се пласира во плеј-офот во Конференциската лига, македонскиот тим, загуби по пенал серијата, откако  по 90 минути и продолженијата, беше 1-1.

На Националната Арена „Тодор Проески“, во неизвесен меч, и голема драма, АИК Стокхолм го доби пенал рулетот.

Шкендија поведе со голот на Ферхан Хасани во 22 минута од пенал, АИК стигна до израмнување преку Ајари во 56 минута.


Дита, Дориев и Хасани беа непрецизни од единаесет метри, а за тетовчани погодија Стојановски и Цаке.

Тренерот Артим Шаќири, изјави дека е горд на екипата, и покрај елиминацијата.

„Горд сум за на моите играчи, покажаа дека знаеме да играме фудбал, мислам дека заслуживме да победиме и на двата меча, не секогаш подобриот победува во фудбалот. Ние градиме екипа за долг период, ќе има освежувања, очекуваме и нови засилувања. Хасани е наш лидер, разочаран е по промашениот пенал, но животот продолжува“, изјави Шаќири.