(ФОТО): Стефан од „Некст Тајм“ како пастрмка

Со неговиот брат „растурат“ низ земјава со мини концерти, но потребен е и одмор

Некаде помеѓу живите свирки и пеколните горештини, Стефан Филиповски од „Некст Тајм“ најде време да се одмори во Охрид.

Иако со својот брат Мартин имаат работа преку глава, сепак се штедат и бараат малку спокој. Стефан на својот профил на „Инстаграм“ објави неколку фотки како ужива во Љубаниште, а напиша дека „личи на пастрмка така легнат под усвитените сончеви зраци“. 

Инаку, дуото овој период има исполнета агенда која опфаќа многу македонски градови, а нивните фанови можат во живо да ги видат и да уживаат во музиката што ја создаваат.

Н.Т.