ФОТО: Судија од Луксембург ќе ја дели правдата на мечот Гибралтар-Македонија

Македонската фудбалска репрезентација е во Гибралтар, утре го играме мечот со оваа селекција на гости, втор во Лигата -Ц, од Лигата на нации на УЕФА.

По нерешените 1-1 со Бугарија на гости, сега на втор во низа гостински меч, со апсолутна фавортиска улога, бараме прва победа во новата сезона на Лигата на Нации.

УЕФА го одреди и судијата за утрешниот меч, станува збор 36 годишниот Алан Дуро од Луксембург.