Спорт // Спорт
ФОТО: УЕФА парично ја казни ФФМ поради исвиркувањето на бугарската химна во Скопје
УЕФА објави дека ФФМ ќе треба да плати казна од 10.000 евра за исвиркувањето на химната на Бугарија на мечот од Лигата на нации во Скопје.
Покрај овие 10.000 евра, ФФМ ќе исплати на УЕФА уште 4.500 евра поради фрлање на предмети на теренот.
Тодор Тодороски, кој доби црвен картон во 14 минута на средбата, има суспензија од еден меч.