ФОТО: Време е за спектакл, состави на Реал Мадрид и Ливерпул

Ливерпул и Реал Мадрид вечерва играат за најважниот трофеј во сезоната, финалето во Лигата на шампионите во Париз е меч кој се чека цела година, а титулата е најважна на меѓународен клупски план во Европа.

Наместо во Санкт Петербург, поради нападот на Русија врз Украина, финалето се игра во Париз, тука на „Стад де Франс“, Реал игра за 14-та, а Ливерпул на седмата титула.

Ливерпул бара „одмазда“ на Реал Мадрид за финалето од пред четири години кога во Киев загуби со 3-1.

Реал Мадрид предводен од неверојатниот Карим Бензема, сака титула, според медиумите ова се можните состави на двете екипи.