ФОТОГАЛЕРИЈА: ФФМ во акција, децата го преземаа светот !

По повод Светскиот ден на детето, УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија организираа фудбалски натпревар на кој „децата го преземаа теренот“.

На натпреварот играа деца, репрезентативци од македонската А селекција, фудбалери од Специјалната Олимпијада и високи функционери.

Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на македонската фудбалска репрезентација Дени Масев играа со тимовите „Сини“ и „Бели“, кои заедно постигнаа вкупно 11 голови за детските права.

Дени Масев - директор на македонската А репрезентација:
Фудбалот значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ве охрабруваме сите млади активно да се вклучите во активности кои ја пренесуваат пораката за присуство на пријателство и еднаквост на спортските терени, но и во секојдневниот живот“.