ФОТОГАЛЕРИЈА: Норвешка пресилна, Македонија со пораз го започна мундијалот во Полска
Норвешка се покажа како пресилна за Македонија на првиот натпревар на мундијалот во Полска.
Во Краков, Норвешка подобра од Македонија со 39:27. Првото полувреме го започнавме добро, Македонија стигна и до израмнување на резултатот на 9:9.
Норвешка потоа одигра многу подобри и првиот дел го реши со седум гола предност 18:11.
Второто полувреме со иста слика, Норвешка ја одржуваше предноста и на крајот запишаа победа со 12 гола разлика.
Најдобар стрелец во македонската репрезентација беше Талески со седум голови, Манасков постигна пет, Кузмановски и Петров по четири. Кај Норвежаните најефикасен беше Сагосен со шест голови.
Следен противник на Македонија Холандија (недела од 18:00 часот) која ја победи Аргентина со која во вторник ќе играме од 18:00 часот.
ФОТО: РФМ/ФЕЈСБУК