ФОТОГАЛЕРИЈА У19: Минимален пораз на Македонија од Србија
Младата репрезентација на Македонија до 19 години загуби минимално со 2:1 од соодветната селекција на Србија во рамките на првото коло на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.
Двоен стрелец на денешната средба на тренинг центарот „Петар Милошевски" беше напаѓачот Марко Лазетиќ. Напаѓачот на репрезентацијата на Србија во 35. минута од пенал го постигна првиот гол на мечот. Во 80. минута погоди за зголемување на предноста на Србија на 2:0.
Единствениот погодок за Македонија го постигна Зенку во 86. минута од средбата.
Избраниците на селекторот Неџат Шабани одиграа добар меч против силниот противник, може да жалат за неколку добри пропуштени прилики.
Во 43. минути, на репрезентацијата на Македонија и беше поништен погодок што го постигна Дашмир Елези поради недозволена офсајд ситуација.
Мини квалификациски турнир во Скопје, репрезентации до 19 години;Група 10;
Македонија - Србија 0:1 (1:2);
Македонија: Тасев, Серафимов, Османи, Младеновски, Павлевски, Трајков, Мурати, Елези, Ангелов, Ташов, Чилафи;
Селектор: Неџат Шабани;