ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар киксираше, Гостивар ја зголеми предноста на табелата

Гостивар ја зголеми предноста на  табелата во Втората македонска фудбалска лига откако славеше со 1-0 против Локомотива во првото пролетно коло сезонава а Вардар одигра само реми со Арсими 1-1.

Еди Абдија во 13. минута донесе предност за Арсими, а Десниќ во 70. минута успеа да израмни на 1-1.

 Воска Спорт и Пелистер  победија  убедливо.

РЕЗУЛТАТИ – ВТОРА ЛИГА – 16. КОЛО
ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ 5-0
ВАРДАР – АРСИМИ 1-1
ТЕТЕКС – ОХРИД 2-0
БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-1
СЛОГА – БОРЕЦ 4-0
ВОСКА СПОРТ – КАРАОРМАН 4-1
ГОСТИВАР – ЛОКОМОТИВА 1-0
БЕСА – КАМЕНИЦА САСА 2-0

Гостивар е прв со 40 бода, Вардар и Воска имаат по 37 на второто и третото место.