ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар слави победа против Еурофарм Пелистер во тензично од публиката дерби во Скопје

Вардар запиша победа  во директен дуел со конкурентот за титулата Еурофарм Пелистер, а меч  од петтото коло во Суперлигата победи со  31:24  на полувреме  резултатот беше 13:10.

Мечот донесе добар ракомет  и тензии на трибините , во 17 минута дојде до 30 минутен прекин откако дел од навивачите на Вардар втрчаа на теренот а по доаѓањето на Чкембари во салата  на СЦ „Јане Сандански“.

Што се однесува до натпреварот, Еурофарм Пелистер имаше предност неколку пати во првите 10 минути.

 Вардар многу подобро одигра во финишот и по првиот дел имаше предност  со три гола разлика 13:10.

Во вториот дел Вардар одигра константно добро и стигна до конечна победа 31:24.

Голманот на Вардар, Мартин Томовски запиша 12 одбрани, а Дејан Манасков и Филип Талески мечот го завршија со по седум голови. Кај Пелистер, Жарко Пешевски реализираше пет погодоци.