Спорт // Спорт
ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар со стил го прослави роденденот, Комити приредија спектакл
Вардар вечерва го одбележа јубилејот 75 години, Комити го прославија 35. роденден, вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје гостуваше Железничар како дел од двата родендена на Вардар и Комити.
Околу 13.000 навивачи на трибините на арената „Тодор Проески“ приредија спектакл, иако резултатот е во втор план, Вардар запиша победа со 2-0 против Железничар, обединети беа двата јубилеја „75 години ФК Вардар“ и 35 години од формирањето на навивачката група „Комити“.
Средбата заврши симболично во 87 минути, во знак на 1987 година кога беа формирани „Комитите“ и годината кога Вардар стигна до шампионската титула во тогашна Југославија.
ФОТОГАЛЕРИЈА: