ФОТОГАЛЕРИЈА: Втор пораз, Македонија со двоцифрена разлика загуби од Холандија

Втор пораз на Македонија на мундијалот во Полска, Холандија подобра со 34-24.

Македонија не беше конкурентна и на вториот дуел на светското првенство, во вториот дел стигнавме до минус 4 гола, 22-18, но потоа следуваа грешки, се одлепија и запишаа победа со двоцифрена предност.

Митревски одличен на голот со 6 одбрани, четири гола запишаа Пешевски и Кузмановски, следно за Македонија е дуелот со Аргентина во вторник од 18 часот каде бараме победа за пласман во главната фаза.