ФОТОГРАФИЈА за „милион“ долари, има ли Македонија спортска и навивачка култура?

Македонија и Финска одиграа нерешено 1-1, средба од пријателски карактер, натпревар на кој националниот тим одигра добар фудбал, создаде десетина шанси, реализиравме една од пенал.

Во Скопје стара „песна“, Финска не е атрактивна за гледање, симболично публика на арената „Тодор Проески“, играчите и стручниот штаб не заслужија ваков третман, а доаѓаат Англија, Италија, Украина, ќе се бара гратис билет повеќе, ќе се гледа противникот …

Репрезентативците за оние навивачи кои го гледаа мечот, одиграа борбено, фудбалски тактички дисциплинирано, за жал старата болка од времето на Среќко Катанец се врати, едноставно „Не забијамо“ …

Навредите кон играчите, селекторот и сите во федерацијата се само срамен момент од спортската НЕКУЛТУРА на сите нас, од навреди на стадионот, па преку социјалните мрежи, само го покажуваме грдото лице на очајната спортска и не само спортска и општа наша НЕКУЛТУРА.

Од фудбалски „богови“ по победата против Италија и финалето со Португалија, истите овие играчи и селектор се предмет на навреди, спортот е таков, некогаш победуваш гиганти, некогаш губиш од аутсајдери, но затоа респект и поддршка мора да се има во сите моменти и на секој натпревар, и да, секако и  критика, но навреди секако НЕ.

Следува Азербејџан, в недела од 14 часот, ете можност за поддршка, за „поправен“ навивачки испит, овие момци го заслужуваат тоа: