Французин ќе и суди на Македонија во Разград против Бугарија

Македонија и гостува на Бугарија на 2 јуни во Разград, прв меч во новата сезона во Лигата на нации. 

Средбата во Разград започнува од 18 часот, ќе се емитува на Аренаспорт, УЕФА ги одреди судиите за оваа средба, а доаѓаат од Франција.


Жереми Пињар ќе биде главен судија, а ќе му помагаат,  Аурелиен Друе и Лоран Кониљо, четврти судија е Микаел Лесаж.