Фудбалерот на Ливерпул: Носи скршен мобилен, а заработува 175000 евра неделно
Фудбалерот на Ливерпул, Сенегалецот Садио Мане е најдобриот играч на Африка во 2019 година. Овој човек, кој заработува околу 702 000 евра месечно, не ги фокусира своите пари на себе и на луксузен живот и не му е јасно зошто би се расфрлал со пари и би трошел.
- Зошто треба да сакам десет Ферари автомобили, 20 часовници со дијаманти или два авиони? Што значат овие работи за мене или за светот? Изградив училишта, еден стадион, нудим облека, чевли, храна на луѓето кои живеат во крајна сиромаштија. Давам 70 € месечно на сите лица во еден многу сиромашен дел од Сенегал и овие пари егзистенцијално им помагаат на нивните семејства. Немам потреба да прикажувам луксузни автомобили, куќи, патувања, авиони. Повеќе претпочитам мојот народ да земе малку од тоа што ми го даде животот - рече Мане, покажувајќи на тој начин што значи да се биде вистински богат човек.
Тој исто така откри во едно интервју дека како дете често бил гладен, дека живеел со семејството многу напорно, фудбалот играл бос и не одел на училиште.
Навивачите на Ливерпул го обожаваат овој играч само затоа што тој е скромен, со тоа што соиграчите велат дека е срамежлив и никогаш нема горделив став кон никого.
Мане ја освои Лигата на шампиони, Супер купот на Европа и Светското клупско првенство минатата година со Ливерпул, а заврши на второто место со Сенегал во Купот на африканските нации.