Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Samsung Electronics подготви специјална понуда во која клиентите кои ќе ги купат паметните телефони Galaxy S24, Galaxy Z Flip5, Galaxy S23 или Galaxy S23 FE ќе добијат пакет подароци, кој вклучува фитнес нараквица Galaxy Fit3 и безжични слушалки Galaxy Buds FE. Со купувањето на Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ или Galaxy Z Fold5, клиентите добиваат пакет подароци, кој содржи таблет Tab A9 4/64 Wi-Fi, фитнес нараквица Galaxy Fit3 и безжични слушалки Galaxy Buds FE. Промоцијата трае од 5 април 2024 година до 4 мај 2024 година или до потрошување на залихите на подароци.


Мобилна вештачка интелигенција на уште повеќе Galaxy уреди

Неодамнешното ажурирање на оперативниот систем One UI 6.1 донесе мобилна вештачка интелигенција на уште повеќе Galaxy уреди. Така, Galaxy AI[1], претставена на почетокот на годината во серијата Galaxy S24, сега е достапна за корисниците на уредите Galaxy S23, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Fold5, Galaxy Z Flip5 и Galaxy Tab S9[2].


Galaxy AI олеснува многу задачи

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI се прилагодува на потребите на корисникот и не само што ги подобрува основните функции на телефонот, туку и отвора нови перспективи во комуникацијата и креативноста. Функциите Interpreter и Превод во живо (Live translate[3]) го менуваат начинот на кој комуницирате на странски јазик и ви помагаат полесно да се движите во странски средини. Со функцијата Помош за белешки (Note Assist[4]), можете брзо да ги запишувате и споделувате мислите, додека функцијата Помош за транскрипција (Transcript Assist) го олеснува пренесувањето говор во текст и ви помага да останете организирани без напор. Функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google[5]) им овозможува на корисниците брзо да најдат информации за објект од слика или видео со едноставно притискање и држење на копчето Home и заокружување на екранот. За полесно и поефикасно уредување на снимените фотографии, тука е функцијата Предлог за уредување (Edit Suggestion[6]), која со помош на технологијата Galaxy AI предлага најсоодветни корекции за секоја фотографија и функцијата Генеративно уредување (Generative Edit[7]), која користи вештачка интелигенција за пополнување на деловите од позадината на фотографијата што сакате да ги отстраните или промените.


Серијата Galaxy S23 направи револуција во областа на фотографијата, мобилните игри и издржливоста

За потсетување, серијата Galaxy S23, која ги вклучува моделите Galaxy S23 UltraGalaxy S23+ и Galaxy S23, носи значителни подобрувања во областа на фотографијата и видеото со напредна камера, која им овозможува на корисниците да бидат покреативни, особено со можност за снимање филмски видеа во услови на слаба осветленост благодарение на технологијата Nightography оптимизирана со вештачка интелигенција. Вклучувањето на мобилната платформа Snapdragon 8 Gen 2 во Galaxy S23 Ultra носи исклучителни подобрувања во вештачката интелигенција, мобилниот гејминг и графичките перформанси, ветувајќи неспоредливо гејмерско искуство. Galaxy S23 Ultra дополнително се истакнува со вграденото пенкало S Pen, долгогодишната омилена алатка меѓу корисниците на Samsung, која обезбедува дополнителни можности за продуктивност и креативност. Целата серија гордо може да се пофали со импресивен дизајн, кој комбинира естетика и издржливост, бидејќи содржи повеќе рециклирани материјали од кој било претходен модел на Galaxy досега, а тоа ја одразува посветеноста на компанијата за еколошка одговорност.


Супериорна технологија и елеганција во дизајн на преклоп

Петтата генерација на паметни телефони со преклоп на Samsung, Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, донесе елегантен дизајн, високи перформанси и уникатно корисничко искуство. Galaxy Z Flip5 е дизајниран како врвен џебен уред за изразување, со продолжен надворешен екран, кој овозможува лесен пристап до информации и брзи одговори на пораките без отворање на уредот, но и подобрени фотографии. Galaxy Z Fold5, најтенкиот и најлесниот телефон на преклоп досега, обезбедува исклучително искуство со голем екран и подобрена продуктивност со можности за извршување повеќе задачи, а вклучува и пенкало S Pen и нуди подобрено гејмерско искуство со помош на најновиот процесор. Двата уреди носат робусни иновации, како што е нов механизам со преклоп за уште поголема издржливост и отпорност.


Иновација со стил и моќ

Паметниот телефон Galaxy S23 FE го комбинира легендарниот дизајн на серијата Galaxy S со карактеристики како што се: нова лебдечка камера, отпорност на вода и прашина (IP68) и рециклирани материјали. Достапен е во четири бои, со камера од 50 MP и режим за ноќно снимање за извонредни сцени. Моќниот процесор, напредното ладење и долготрајната батерија обезбедуваат супериорен гејминг и стриминг на содржини на AMOLED екранот од 16,2 сантиметри (6,4 инчи).


Искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Сите клиенти кои ќе ги купат паметните телефони Galaxy S24, Galaxy Z Flip5, Galaxy S23 или Galaxy S23 FE во периодот од 5 април 2024 година до 4 мај 2024 година ќе добијат пакет подароци, кој вклучува фитнес нараквица Galaxy Fit3 и безжични слушалки Galaxy Buds FE. Со купување на Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ или Galaxy Z Fold5, клиентите добиваат пакет подароци, кој содржи таблет Tab A9 4/64 Wi-Fi, фитнес нараквица Galaxy Fit3 и безжични слушалки Galaxy Buds FE. Сите информации и услови може да се најдат на официјалната веб-страница на Samsung. За да може купувачот на уредот да го оствари правото на подарокот, по преземањето на купениот уред, тој мора да биде регистриран на Samsung.com најдоцна до 19.05.2024 година.



[1]Samsung не дава никакви ветувања и гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со функциите на вештачката интелигенција. Одредени функции на Samsung AI може да бараат најавување на сметка на Samsung

[2] Некои функции за вештачка интелигенција од серијата Galaxy S24 може да не бидат достапни на моделите од претходната генерација.

[3]Функцијата Превод во живо бара мрежна врска и најавување на сметката на Samsung. Оваа функција е достапнс само на претходно инсталираната апликација Samsung Phone. Повиците мора да се вршат преку оригинално Samsung бирање. Одредени јазици може да бараат да се преземе јазичен пакет. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана

[4]Само за текст во Samsung Notes; бара најавување на сметката на Samsung и интернет конекција.

[5]Резултатите може да се разликуваат врз основа на визуелните совпаѓања. Потребна е интернет врска. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android-от на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции може да не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата варира во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Времето на ажурирање може да се разликува во зависност од моделот

[6]Функцијата Предлог за уредување е компатибилна со формати JPG, PNG, GIF и MP4. Резултатите и квалитетот на уредувањето може да се разликуваат во зависност од фотографирањето или условите за снимање. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[7]Функцијата Генеративно уредување бара мрежна врска и најавување на сметката Samsung. Уредувањето со помош на оваа функција резултира со фотографија со дијаметар до 12 MP. Видлив воден печат ја преклопува излезната слика при зачувување за да покаже дека сликата е генерирана со вештачка интелигенција. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се гарантирани


*Пр објава