Galaxy Unpacked, август 2022: Отворете го вашиот свет

За иновациите не се важни само револуционерните идеи, туку и создавањето нови искуства кои го менуваат нашето секојдневие на подобро. Значајните иновации ги надминуваат техничките граници и обезбедуваат платформа на која нашиот секојдневен живот станува побогат и поразновиден – отворајќи поголеми можности од кога било досега. 

Ве покануваме да се придружите на Samsung Electronics на 10-ти август и да видите како ги поместуваме границите, им пркосиме на правилата и ги отвораме вратите за нови искуства. Настанот Galaxy Unpacked ќе се пренесува во живо на Samsung.com и Samsung YouTube со почеток во 15 часот.

Останете во тек за повеќе вести за овој настани и информации за новите уреди  со Samsung Newsroom

ПР објава