(ГАЛЕРИЈА) Новак Ѓоковиќ се почести со трособен луксузен стан покрај океан!

По неверојатниот меч со Федерер, Новак Ѓоковиќ направи пауза да може да се одмори и ја искористи таа можност да замине на местото на кое се гради неговиот феноменален нов стан. Ноле купи стан на Мајами во преубавата Eighty Seven Park зграда во која го чека огромен трособен стан.

Овој стан е креиран за да пружи феноменален поглед на Атланскиот океан. Неверојатно свети, има големи и пространи тераси, а во своето приземје има и базен во кој Ноле може да ужива во друшство на семејството. Покрај трите соби, овој луксузен стан има и 3 бањи, сауна, бар, преубав двор, приватна библиотека и ентериер на кој би му подзавиделе и најбогатите луѓе на планетата.

Становите кои се продаваат во оваа зграда се движат од 2 милиони па се до 13, а Ноле се одлучи да не троши многу пари, па избра стан со средна цена од 6.7 милиони долари. Тој вели дека овој стан ќе му овозможи совршено сместување за него, неговата жена Јелена и децата.

Погледнете како ќе изгледа новиот стан на Ноле: