(ГАЛЕРИЈА) „Водените“ тетоважи стануваат вистински хит
Ваквите тетоважи стануваат се попопуларни, а уметничката Чен Џи е една од првите која ја примени оваа „водена“ техника..
Ви го
претставувам новиот светски хит кој е креиран од прекрасни и доста креативни
тетоважи. Станува збор за водените тетоважи кои потсеќаат дека се направени со
техниката на водени бои. Ваквите тетоважи се многу тешки за изработка бидејќи,
ефектот на водени бои е многу тежок за реплицирање. Меѓутоа, оваа уметничка од
Кина, Чен Џи е една од најдобрите тату мајстори која ја користи оваа техика и
која прави неверојатни ремек дела.
Оваа млада девојка одлучи своите дела да ги објавува на Инстаграм, каде собра огромен број на следбеници. Чен моментално ја следат над 240.000 луѓе, а тој број секојдневно се зголемува. Ние одлучивме да ви ги покажеме нејзините дела, но и делата на други уметници кои го следат овој тренд и кои започнаа да прават феноменални водени тетоважи.
Погледнете ја галеријата: