Забава // Музика и филм
Ги испеа најголемите хитови на „Roxette“: Почина на 61 година
- 10 Декември, 2019
Пејачката на „Roxette“, Мери Фредриксон почина на 61-годишна возраст.
Ѕвездата од Шведска постигна глобален успех во деведесеттите, со своите најголеми хитови „The Look“, „Joyride“ и „It Must Have Been Love“.
Во соопштението стои дека Мери починала во понеделник, на 9-ти декември, по долгата и тешка 17-годишна борба со ракот.
-Ти ми беше најдобриот пријател над 40 години. Веќе ништо нема да е исто- вака се прости од неа на социјалните мрежи, нејзиниот колега од бендот, Пер Гесл.
Фамилијата објави дека Мери ќе биде кремирана, последното збогување ќе биде во присуство на најблиските.