Ги прашаа мажите КОЈА ЖЕНА ИМ Е НАЈВАЖНА ВО ЖИВОТОТ - мајка, сопруга или ќерка: Психолог вели дека САМО ОВА Е ТОЧНИОТ ОДГОВОР, но НИКОЈ не го дал!

Последниве години повеќе од кога било се зборува за здрави семејни односи, за квалитетни врски и за причините за добар и успешен брак. Сепак, факт е дека некои воспоставени облици на однесување, третман и приоретизирање сè уште се присутни кај голем број од населението.

Така на интернет почна да кружи видео на кое мажите се прашуваат која жена им е на прво место - мајка, сопруга или ќерка.

Повеќето од нив ја ставаат мајката на прво место, малкумина ќерката, а речиси сите на последно место ја ставаат сопругата.

Ова видео го коментира Изабела Браун, авторка на многу популарни книги и добро познат глас на генерацијата Z кога се во прашање меѓучовечките односи.

- Ниту еден од овие мажи не даде добар одговор. Кога сте во брак, вашата жена секогаш треба да биде на прво место. Затоа што тоа е единствениот вистински начин да ги научите вашите деца дека вашиот сопружник секогаш треба да биде приоритет. А во стабилен дом, полн со љубов и почит, нема шанси за развод.

@theisabelbrown

Ngl… this is why we’re all having such a hard time dating atm

original sound - Isabel Brown

На крајот на краиштата, не знам како да го објаснам феноменот на врската помеѓу мажот и неговата мајка, бидејќи во одреден момент станува нездраво, особено кога ќе пораснат. Дури имав еден дечко еднаш да ми рече дека никогаш не можам да му бидам толку важна како неговата мајка, а тоа беше после неколку години врска. Мислам дека не мислеше ништо лошо со тоа, дури и мило ми е што има добри односи со семејството, но ако планираш да го поминеш остатокот од твојот живот со една личност, а мајка ти е сеуште твојот број еден, тогаш навистина не сте подготвени за сето она што го носи бракот, рекла Изабела во видеото.

View this post on Instagram

A post shared by Isabel Brown (@theisabelbrown)


Значи, нејзиниот став е дека е доста важно мажот да ја сака и да ја цени својата мајка, но ако планира да го помине животот само со една жена, таа жена сепак мора да биде на прво место.

Свесни сме дека добар дел од општеството не го поддржува ова мислење и дека е многу тешко да се остават научени обрасци, а какво е вашето мислење пишете ни во коментар.