Ги правиме овие работи секој ден, а не знаеме дека се опасни

Постојат работи за кои многумина мислат дека се безопасни, но воопшто не се толку безбедни

Иако инстинктот нè штити од најопасните ситуации, сепак постојат работи за кои многумина мислат дека се безопасни, но всушност не се воопшто толку безбедни како што мислат многумина.


Пиеме од пластични шишиња

Микропластика може да се најде во многу пластични шишиња, а таа е штетна за здравјето на луѓето. Овие честички можат да ја намалат плодноста, да ја зголемат телесната маст, да имаат негативен ефект врз нервниот и имунолошкиот систем, да влијаат на развојот на машките гениталии, да промовираат дебелина кај децата и да ги зголемат шансите за развој на кардиоваскуларни заболувања, пишува „Brightside“.


Носиме облека донесена од хемиско чистење

Чистењето на суво е хемиски процес. Многу опасни хемикалии се користат при такво чистење на гардероба, а некои може да се залепат на ткаенината. Доколку ги вдишете овие хемикалии, постои потенцијал за иритација на очите и останување без здив, главоболка, вртоглавица и проблеми со видот.


Се воздржуваме од кивање

Никогаш не треба да се воздржувате од кивање. Ако го сторите тоа, постои шанса да ви пропадне тапанчето. Воздржувањето на кивање може да доведе до пукање на капиларите во очите, носот и увото.


Користиме парфеми полни со хемикалии

Многу парфеми се полни со токсични состојки што компаниите ги чуваат во тајност. Овие состојки потекнуваат од нафта и можат да предизвикаат респираторни и хормонални проблеми, гадење и повраќање. Во најлош случај, може да се појави рак или труење со парфеми.


Ние стискаме мозолчиња

Најпрво, стискањето мозолчиња може да не направи да изгледаме уште полоши, па дури и да доведат до лузни, што не е многу корисно. Постои област на лицето позната како „триаголник на смртта“ која има директна врска со мозокот и ако предизвикате инфекција таму обидувајќи се да ги отстраните мозолчињата, бактериите можат лесно да стигнат до нервниот систем и да предизвикаат компликации со визија, парализа, менингитис и во најлоши случаи смрт.


Користиме козметика со синтетички состојки

Важно е да се знае дали шминката што ја користите содржи синтетички компоненти кои можат да бидат многу штетни. Овие компоненти можат да се акумулираат со текот на времето во вашето тело и можат да предизвикаат иритација на кожата, па дури и карцином.


Не ги менуваме перниците редовно

Секоја вечер додека спиете, перницата апсорбира масло од кожата, косата и телото. Ова може да привлече грини на вашата перница, што може да доведе до навистина опасна алергија.


Ги кубете влакната од носот

Кубењето на влакната од носот може да доведе до иритација и воспаление на кожата. Отстранувањето на влакната ќе го ослабне имунолошкиот систем, што може да доведе до менингитис и други инфекции на мозокот.


Консумираме готови јадења од ресторани и продавници

Препакуваната готова храна има значително помалку хранливи состојки од свежата храна. Многу од овие готови јадења произведуваат канцерогени работи затоа што се готват на високи температури. Овие оброци имаат и работи што можат да го зголемат ризикот од дијабетес.