ГИ ПРОДАДЕ АКЦИИТЕ, ЗАРАБОТИ МИЛИЈАРДИ: Погледнете колку пари има сега Илон Маск и како живее

Од десетте најбогати луѓе во светот, дури девет се Американци, а еден е од Франција - Бернард Арно, сопственик на многу луксузни брендови

Агенцијата Bloomberg ја објави традиционалната листа на најбогати луѓе во светот, а според последните податоци десетте најбогати луѓе во 2021 година го зголемиле својот имот за уште 402 милијарди долари! Најмногу заработи првиот на листата - Илон Маск (50). Започна во 2021 година со 156, а заврши со имот во вредност од дури 277 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.

Ќе плаќа даноци

Основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“ неодамна најави дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок.

Топ 10

1. Илон Маск 277

2. Џеф Безос 190

3. Бернар Арно 178

4. Бил Гејтс 132

5. Лери Пејџ 130

6. Марк Цукерберг 125

7. Сергеј Брин 124

8. Стив Балмер 120

9. Ворен Бафет 109

10. Лери Елисон 107

* Износите се во милијарди долари

Платата на Маск во 2021 година е помала од 140 милијарди, колку што заработил една година претходно, но е повеќе од доволна за да стане убедливо најбогатиот човек на светот. Зад него е Џеф Безос, основачот на „Амазон“, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари. Тоа е „само“ 4,5 милијарди повеќе од лани. Безос (57) кој летово ја напушти функцијата извршен директор на „Амазон“, компанија која често е критикувана за условите на вработените, сега најголемиот дел од времето го поминува на патување и релаксација со својата девојка Лорен Санчез. Зад него е Французинот Бернар Арно, кој во 2021 година заработи 63 милијарди и сега има вкупно 178 милијарди долари.