Ги збуни научниците: На Марс роверот на НАСА во кратерот Гејл пронајде предмет кој особено ги заинтригира експертите (ФОТО)

Роверот на НАСА „Љубопитност“ неодамна откри интересна формација на карпи на површината на Марс, а откриеното ги збуни научниците

За време на нејзината експедиција во кратерот Гејл, каде што се наоѓа планинскиот врв на планината Шарп, „Кјуриосити“ направи неколку фотографии на кои се гледа необичен лак направен од камења.

Научникот од НАСА Абигел Фреман ја опиша како многу интересна фотографија од интересна камена структура. Тоа не е мазен камен, туку структура која наликува на корален гребен, со испакнатини што се чини дека се издигнуваат од површината на каменот.

„Љубопитност“ проучува област на Марс која е богата со глина и се граничи со област која содржи минерали и сулфати, како што се гипс и горчлива сол. И двете области укажуваат на потенцијално присуство на вода во минатото, поради што се многу интересни за научниците. Геологот Мишел Минити посочи дека лакот најверојатно е формиран од материјали што се спротивставуваат на ерозијата.


Особено е интересно што е исклучително мал. Колку точно - тешко е да се процени бидејќи „Љубопитност“ нема метар за да ја измери неговата должина, објави порталот Зимо.


Фото: Reuters/Твитер