Ги знаеме куќата на Дедиње и таа на Кипар, но како изгледа станот на Цеца: Тајното скривалиште на дивата

Животот на фолк дивата Светлана - Цеца Ражнатовиќ е под лупа веќе неколку децении. Покрај дворецот на Дедиње во Белград и вилата во Кипар, таа има и други недвижнини, а освен овие две зданија, поседува и стан. Се работи за стан во Црна гора, поточно Бечиќи. 

Но воопшто не изгледа луксузно, барем не по надворешниот изглед на зглрадата. Тоа е жолта зграда во која нема н бетонска патека.

Дека ова е тајното скривалиште на најголемата балканска sвезда, доволно говори и изгледот на фасадата на зградата, која е избледена, па дури и распукана на повеќе места. Никој не би претпоставил дека Цеца одмарала токму во оваа зграда.

Во хотелите нема мир

- Овој стан го купи пред неколку години затоа што нејзиниот престој во хотели е стресен. Таа е позната како некој што ја чува својата интимност, а во хотел, дури и да е со пет sвезди, мирот не може да го има. Секој пат кога ќе ја напушти собата, оди на појадок, бања или едноставно на кафе во холот во хотелот, тоа е придружено со фотографи, автограми и врескање. Затоа таа реши да биде сама за време на одморот и да се повлече во нејзиниот мал рај - вели извор близок до пејачката и додава.

- Таа намерно купи стан далеку од центарот и во зграда со неколку станари, што не изгледа гламурозно. Во оваа зграда, која има само три ката, претежно е населена со постари станари. Таа ужива да е тука со своето семејство. Најчесто со нејзиниот син и ќерка, а често и нејзините родители или сестра Лидија доаѓаат со нејзиното семејство - вели еден од соседите на цеца, додека продавачката од блиската продавница додава:

- Таа не доаѓа во нашата продавница, но понекогаш ја гледаме на балконот. Не е облечена како пејачка, но во апостолки, без шминка, излегува да дише свеж воздух. Кога ја поздравуваме, таа секогаш одговара љубезно. Кога ни рекоа дека Цеца купила стан таму, сите мислевме дека е шега. Таа е толку прифатлива и нормална жена што сите бевме воодушевени од сето тоа.

Фото: ZORAN ILIĆ / RAS SRBIJA

Извор: Пулс онлајн