Ѓоковиќ бестрашен: Со светот заповеда елита и сите само би морале да ги слушаме!
На
платформата Sportklub, најдобриот тенисер на светот го искажа своето мислење за
некои социјални теми
На дневна основа, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, претежно за српските медиуми, дава различни изјави кои често пати немаат никаква врска со самиот спорт. Тој зборуваше за вакцината против коронавирус и сè почесто може да се чуе јавно презентирање на други теории на заговор, односно неговите мислења за теми од тој регион.
Ѓоковиќ беше гостин на платформата Sportklub, каде зборуваше за својата одговорност кога јавно дискутира за сè.
- Нема многу спортисти на таа привилегирана позиција. Јас ја заработив со моите успеси и благодарен сум за тоа. Тоа е една од причините зошто сè уште играм професионален спорт “, рече Новак.
Ѓоковиќ потенцира дека не сака да биде на маргините кога станува збор за справување со социјални прашања и открива за кои вредности се залага.
- Имав можност во мојата кариера да запознавам секакви луѓе, работи и теми, кои беа контроверзни. Луѓето секогаш се повикуваат на одговорност затоа што мора да бидете свесни колку секој дел од информациите што ги споделувате одекнува, колку далеку се слушаат и колку луѓето ги апсорбираат. Не велам дека сум безгрешен во тоа. Сигурно ќе кажам неколку работи за кои подоцна размислувам дали требаше да биде така. Јас сум човек и немам проблем да кажам дека не сум во право. Но, не можам да бидам робот и да бидам затворен во некоја школка или меур цел живот. Јас едноставно не сум таков човек. Не гледам надолу, ниту пак критикувам некој што сака да биде на маргините и да не се занимава со какви било социјални проблеми. Но, јас сум личност која сака да потенцира одредени работи затоа што имам одредено влијание во општеството и сакам да споделам нешто што преку моето искуство може да биде корисно за некои, а можеби за други не. Есега, како луѓето сето тоа ќе го впијт и усвојат, не можам да влијаам во голема мера - вели Ѓоковиќ и продолжува:
- Некои групи луѓе, елити, владетели, како сакате наречете ги, сакаат одредени работи да бидат на одреден начин и никој да не каже ништо и само да се слуша какошто ќе заповедаат тие на врвот. Едноставно не чувствувам дека е исправно и демократско. Ако верувам дека нешто е правилно и во согласност со Божјите заповеди, со животните принципи и вистинските вредности, тогаш апсолутно го поддржувам сето тоа. Ја поддржувам борбата за правата на луѓето на еднаквост, почит, фер игра, коректност во животот, почитување ... Ова се вредностите за кои се залагам и со кои се согласувам - рече Ѓоковиќ.
Извор: sportske.jutarnji.hr