Ѓоковиќ, Дивац, Јариќ, Јокиќ, и Ѓуричко заедно: Фотографија која зборува 1000 зборови

Српските спортисти Новак Ѓоковиќ, Владе Дивац, Марко Јариќ и српскиот актер со кариера во Холивуд Никола Ѓуричко се појавија на мечот Лос Анџелес Лејкерс против Денвер Нагетс.

Сите дојдоа да му дадат поддршка на својот сонародник Никола Јокиќ, играч на Денвер Нагетс, кој на крајот славеше со својот тим.

По натпреварот сите се фотографираа заедно, а фотографиите воодушевија многу фанови. „Заедно сме наши“, порача Ѓуричко на Инстаграм, а потоа Ѓоковиќ се пофали и додаде дека „било убаво да се видат НБА ѕвезди и пријатели“.