Ѓоковиќ и Роналдо тренираат заедно: Погледнете ги титаните
Новак Ѓоковиќ се подготвува за Австралија опен ни помалку ни повече, туку со Кристијан Роналдо! И двајцата моментално се во Дубаи, каде се сретнаа во една сала!
Кристијано неодамна беше во центарот на вниманието за монструозниот скок кога го постигна еден од неговите најспектакуларни голови во кариерата и скокна неверојатни 2,56 метри...Всушност прескокнуваше еден противнички играч.
Тој сега го подучуваше Новак како да направи таков скок. Тие го поставија јажето на одредена висина во салата и се обидоа да го допрат со главите. Роналдо неколку пати му покажа што требаше да направи. Првиот пат тенисерот не успеа, но по новиот заеднички обид успеа, што предизвика сите да бидат воодушевени во салата, проследено со нивнатапријателска прегратка.
- Го подучувам Новак како да скока. Задоволство ми беше што те видов и тренирам со тебе, мој пријателе - напиша Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил.
Погледнете како изгледаше во видеото: