„Ѓоковиќ мора да си оди и не ми е грижа дали донирал за болници“: Грот немилосрден
Критиките кон Новак Ѓоковиќ продолжува по гостувањето на турнирот Адрија, а последната доаѓа од Австралија.
Поранешниот тенисер Сем Грот го повика првиот светски тенисер да поднесе оставка како претседател на Советот на играчи по настаните во Белград и Задар.
Во колумната „Хералд сон“, тој беше многу остар кон Новак во неколку наврати, а тоа го правеше и претходно.
„Новак Ѓоковиќ мора да си замине. Неговата позиција како претседател на Советот на играчи е смешна. Тој треба да си даде оставка. Дали сакате таа личност да ве води? На што по ѓаволите мислеше? Кој по ѓаволите го советува?“ напишаво колумната.
Грот отиде чекор подалеку велејќи дека српскиот ас „сторил се за да ја загрози можноста за враќање на тенисот, како резултат на организираноста на турнејата Адрија“.
„Додека играчите и официјаните лица ширум светот прават се што е во нивна моќ да го вратат нашиот спорт и да започнат среде глобална пандемија, светскиот рекет број еден се впушти во танцување, дружење и гушкање со луѓето и со тоа директно ги прекрши сите светски упатства за здравје“.
Му замери Новак и за тоа што не беше наконференцијата на „Зум“, на која учествуваа 400 други играчи.
"Додека Новак танцуваше и се дружеше со пријателите, многу други играчи беа во разговор обидувајќи се да ја развијат логистиката за рестартирање на турнејата. Ми беше кажано дека Новак не е ниту таму. Како е претседателот на Советот не е таму? Тоа не е лидерство." рече Грот, а потоа продолжи.
„Неговата единствена опција е да си даде оставка. Играчите губат доверба во него“, истакна Австралиецот.
Иако Новак се извини, свесно признавајќи одредени грешки на турнејата Адрија, Грот смета дека тоа не ги компензира неговите постапки.
"Тој е одговорен. Многу луѓе беа позитивни на тестовите како резултат на неговиот настан. Не ми е грижа дали тој се извинил или донирал пари во болниците. Јасно е дека здравјето на луѓето не било земено предвид. Тој морал да даде пример и сè што направил сè уште има последици “.
Грот верува дека постапките на Новак ќе го отежнат одржувањето на турнирот како УС Опен, планиран за август.
Според него, отсуството на Ѓоковиќ од УС Опен не е голема штета за него.
"Единствено што му недостасува во таа ситуација е можноста да се зголеми бројот на титули на Гренд Слем. Не му требаат пари, не му дошло до тоа. Тој нема проблем да ја плати хипотеката на куќата и да обезбеди храна. Неговото однесување е себично и неодговорно. Ако тој само сака да биде број еден и да живее според неговиот начин на размислување - тоа е добро. Но, тогаш тој треба да се повлече од функцијата претседател“, заклучи Грот.