Ирец испи 92 кригли пиво за еден викенд: Вели не бил мамурен само поради ова
Шон Брајан, 33-годишник од Ирска, ја заврши 2022 година на навистина несекојдневен начин – испивајќи дури 92 кригли пиво за само еден викенд.
Неговиот „маратон“ започнал на 29 декември во 13 часот, а завршил на Стара година во 21 часот, кога решил да легне да спие пред полноќ. Во тој период, Брајан потрошил околу 400 евра на пиво, а негов апсолутен фаворит бил Guinness.
Откако го споделил своето „достигнување“ на интернет, Брајан станал вирален, но добил и бројни критики. Многумина го нарекоа „глупав“ затоа што се фалел со толкава количина алкохол. NHS препорачува да не се консумираат повеќе од 14 алкохолни единици неделно, што отприлика е еднакво на шест кригли пиво распоредени во повеќе денови.
Брајан, пак, за само еден викенд испил неверојатни 186,3 алкохолни единици – повеќе од 13 пати над препорачаната неделна граница.
Сам Брајан изјавил: „Не мислам дека е опасно ако се прави повремено, но ако би се правело секоја недела – тогаш да. Бидејќи беше еднократно, и тоа за Божиќ, тоа е во ред. И не бројам калории.“
Иако многумина сметаат дека ваквото пиење оставa сериозни последици, Брајан тврди дека по „маратонот“ бил само „уморен“, без никаква мамурлук.