Ѓоковиќ по кратка постaпка го реши Шварцман, сега го чека Надал во четвртфиналето на РГ

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, лесно се справи со Диего Шварцман од Аргентина, и стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос, негово 13 на овој престижен турнир.

Ѓоковиќ на својот 100-ти меч на Ролан Гарос во кариерата, немаше проблеми со Диего Шварцман, го победи со 6:1, 6:3 и 6:3.

Мечот траеше 2 часа и 17 минути игра, во четвртфиналето е можен спектакл, доколку Надал го победи Оже-Алиасим, тогаш ќе има дуел меѓу големите ривали Ѓоковиќ и Надал.