Ѓоковиќ поднел оставка од АТП: Тенискиот свет е во шок по оваа одлука на првиот играч во светот

фото:USA Today

Ѓоковиќ и Васек Поспишил поднеле оставка од функцијата во Здружението на тениски професионалци и планираат да формираат специјално здружение на тенисери, пренесува „New York Times“.

Незадоволни од статусот на тенисери, спортистите предводени од Новак Ѓоковиќ решија да формираат специјално тело кое ќе ги претставува нивните интереси надвор од структурата на Здружението на тениски професионалци (АТП).

Според изворот, Србинот, кој работел како претседател на Унијата на играчи на АТП, и Канаѓанецот, заменик на Ѓоковиќ, детално ги опишале плановите во документот што им го испратиле на другите играчи, истакнувајќи ја потребата од создавање автономно тело за заштита на тенисерите. 

- Целта на ПТПА не е да го замени АТП, туку да им обезбеди на играчите самостојна структура независна од АТП и со тоа да се овозможи директен одговор на потребите и загриженоста на играчите кои се членови - се наведува во документот, проследен до играчите.

Канаѓанецот рече дека групата ќе има во основа иста функција како и унијата, но со поголема правна флексибилност.

На Новак Ѓоковиќ и Васек Поспишил веќе им се придружија некои од најдобрите тенисери на светот, меѓу кои и Џон Иснер.

извор:informer.rs