Спорт // Спорт
Ѓоковиќ во шок, ова е пораз кој не го очекуваше од 123. тенисер на светот
Најдобриот тенисер на светот испадна во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс. Новак Ѓоковиќ загуби од 123. на АТП листата, од младиот Италијанец Лука Нарди со 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-3.
Нарди на турнирот настапи со покана „лаки лузер“ и за него ова е најдобриот меч во кариерата по кој по победата на Ѓоковиќ со сигурност стана многу попознат кај светската јавност.
И покрај поразот, Ѓоковиќ и натаму ќе биде прв на АТП листата следниот понеделник, тоа за него ќе биде 417-та недела на врвот на светскиот тенис.
Новак Ѓоковиќ дефинитивно го има еден од најслабите стартови на годината во неговата кариера.