Ѓоковиќ за Њујорк Тајмс: Малку сум збунет со вакцината за коронавирус
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, го објави соопштението што го даде на Њујорк Тајмс во врска со изјавите за вакцината против коронавирусот.
Ѓоковиќ пред два дена рече дека е против вакцинирање, а неговата изјава го привлече вниманието на меѓународната јавност.
- Јас не сум експерт, но сакам да можам да изберам што е најдобро за моето тело. Јас ќе продолжам да истражувам на оваа тема затоа што е важно и ќе влијае на сите нас - рече во изјавата што неговиот тим ја достави до Њујорк Тајмс.
- Да бидам искрен, јас сум малку збунет, како и остатокот од светот. И покрај тоа што имам пристап до информации, се сомневам во тоа што е најдобро да се направи во оваа ситуација - рече Ѓоковиќ.
„Њујорк Тајмс“ дури ги пренесе и зборовите на Предраг Кон, познатиот епидемиолог, кој беше доста груб кон Ѓоковиќ, мислејќи дека треба да избере зборови повнимателно во толку чувствителен момент на толку чувствителна тема. Исто така, познатиот весник потсети дека тенисерот „број 1“ има дарежлива донација за Србија и Италија во борбата против коронавируот
Британските медиуми дури објавија дека Ѓоковиќ би можел да го изгуби првото место на АТП-листата, доколку тој одбие вакцинација, за да може да патува на турнири.
Њујорк Тајмс потсети и на изјавата на Амелија Морезмо, некогаш најдобрата тенисерка на светот, во која се наведува дека сезоната можеби нема да може да продолжи во спортот доколку нема вакцинација.
Тениската сезона дефинитивно нема да започне пред 13 јули, Вимблдон беше откажан за прв пат од 1945 година, така што сè уште е магливиот распоред за продолжување и нови турнири.