Gley-успешна македонска приказна препознаена и поддржана од ФИТР
Непостоењето на национална дигитална стриминг платформа беше главен предизвик за тимот на Gley да внесе токму ваков производ на македонскиот пазар.
Целта на креаторите е единствена, да се зголеми промоцијата и поддршката на домашната филмска продукција, а истовремено да се работи на афирмација на македонскиот литературен јазик кој се повеќе е на „мета“од глобалните социјални платформи и доминантното користење на англискиот јазик.
Добра идеја е само онаа која ќе се реализира. Токму Gley испишува нов почеток на SVoD платформите во Македонија, ставајќи на располагање домашни видеа заедно со квалитетни странски содржини преведени на македонски и албански јазик. Платформата им овозможува на потрошувачите да плаќаат за содржина што сакаат да ја гледаат, во време кога тие сакаат, со кого сакаат, без реклами на телефон, таблет, лаптоп, компјутер, smart TV, како и на MaxTV приемниците, на 2 или 4 уреди истовремено.
Иновативноста и квалитетот беа препознаени и од Фондот за иновации и технолошки развој, кој ја поддржа платформата преку инструментот „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“ . Gley ветува дека ќе работи во насока да го развие својот производ и услуга да ја зголеми продуктивноста, да ја поттикне конкурентноста и на домашниот и на меѓународниот пазар. Но пред сѐ ќе работи за да им овозможи на своите гледачи да уживаат во најдобрите светски и регионални филмови и серии, детски забавни и едукативни содржини за сите возрасти, синхронизирани на македонски и на албански јазик и со родителска заштита.
Пр објава