Го дели мажот со уште две жени, бидејќи барал многу: Вели - Одлично се сложуваме, а еве како се снаоѓаме во кревет
Американките Ејприл, Џенифер и Даниел се три жени кои делат
еден сопруг Ник Дејвис (39) и таквиот брак одлично им функционира. Сите живеат
заедно во куќата и спијат заедно во кревет.
- Ник навистина бара, особено во кревет. Среќна сум што имам помош со него – открила Ејприл (38) која му е прва сопруга, пренесува The Sun.
Како што вели, неговите сексуални потреби не се толку голем проблем, колку неговата необична личност. Ник не работи, затоа што мисли дека нема потреба од тоа.
- Кралот ретко се движи на шаховската табла, но кралицата да - верува Ник.
Ејприл и Ник се запознале на колеџ и се заедно 15 години. Џенифер (25) ја запознала Ејприл на работа и се омажила за неа пред пет години.
- Џенифер е многу паметна и интелигентна, знаев дека на Ник ќе му се допадне веднаш - рекла Ејприл и додала дека Џенифер се чувствува непобедлива со нив.
Даниел (22) влегла во триото минатата година, а целиот процес е снимен во реалното шоу на TLC „Seeking Sister Wife“.
Веселиот тим неодамна го запозна најновиот член, а тоа е ќерката што ја роди Џенифер, малата Вера. Со нив живее и синот на Ејприл, Вилијам, на кого Ник не му е биолошки татко.
Ник се обидува да најде време да помине сам со секоја жена.
- Немаме точен распоред за секс, го правиме кога сакам или кога тие сакаат - рекол Ник и додал дека секогаш се забавуваат заедно.
– Сакам сите да бидеме среќни и задоволни – рече тој.
Фото: Инстаграм