Забава // Занимливости
Ќерката на познат актер добила име по јогурт: Дипломирала во Њујорк и блеска во својата професија

Малку се приказни кои во исто време спојуваат романтичен почеток на една љубов, уметничка семејна традиција и младешка храброст да се тргне по сопствен пат.
Таква е приказната на Зала Ѓуриќ, ќерката на славниот актер Бранко Ѓуриќ Ѓура и словенечката актерка и пејачка Тања Рибиќ. А сè, верувале или не, започнало – со едно јогуртче.
Имено, кога Бранко и Тања дури што ја започнувале својата љубовна приказна, сонуваа за заеднички живот и семејство.
„Ни на сон не можевме да замислиме дека еден ден навистина ќе имаме дете, но сепак сонувавме. Тогаш на пазарот имаше јогурт што се викаше Зала и рековме: ако некогаш имаме ќерка, ќе се вика Зала“, раскажала Тања во една прилика.
Дури и го чувале капачето од тој јогурт, скриено зад огледалото во лифтот, како мал талисман на нивните желби и љубов.
Извор / Инстаграм