Залудно пари и слава, кога може татко да ѝ биде: Најконтроверзниот пар предизвика бура во јавност

Францускиот актер Венсан Касел (58) и неговата партнерка Нара Баптисти (29) се подолго време под лупа на јавноста поради големата разлика во години. И покрај критиките, парот без проблеми се појавува заедно во јавност, па неодамна беа видени на концерт во Париз.

Касел важи за човек со стил и внимателно го следи трендовите, а многумина тоа го поврзуваат со неговите врски со многу помлади жени. Пред Нара, актерот беше во брак со Тина Кунаки, која е само една година помлада од неговата сегашна партнерка. Бракот започна во 2018 година, траеше четири години и им ја донесе ќерката Амазонија.

И по разводот, Касел и Кунаки останаа во добри односи и заедно се појавија во јавноста со ќерката. Актерот, покрај Амазонија, има уште две ќерки – Дева и Леони – од бракот со Моника Белучи. Интересно е што неговите ќерки ја прифатиле Нара, па често можат да се видат на заеднички фотографии од Бразил, каде што Касел живее.

Љубовта со Нара доби нова димензија со раѓањето на синот Кајетан во јануари годинава. Сепак, дел од јавноста не престанува да го осудува актерот, нарекувајќи ја врската „дедо и внука“.

И покрај предвидувањата дека оваа „трета среќа“ нема да трае долго, Касел изгледа задоволно и среќно покрај својата нова партнерка, а хармонијата во семејството е видлива и преку односот на неговите деца со Нара.

Извор: Еспресо / EPA