Го истетовирал името на ќерка си и дознал дека не е негова: Девојката го изневерувала со доставувач, а потоа паметот му го „зела“ Сандра

Фудбалерот го истетовирал името на својата ќерка, па дознал дека не е негова, па утеха нашол во Сандра.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Тобијас (20) доживеа голем скандал кога неговата девојка Ингрид Лима роди девојче чие име го истетовира, а потоа откри дека тој всушност не е татко на детето.

Имено, Ингрид на 8-ми октомври ја родила ќерката Мајте, а несреќниот Бразилец решил да го истетовира името на бебето за да го одбележи најсреќниот настан во неговиот живот. До името „Мајтеу“ напишал и „те амо“ (те сакам). 

Меѓутоа, неговата сега веќе поранешна девојка на Инстаграм признала дека направила ДНК тест и открила дека фудбалерот не е татко на нејзината ќерка.

Афера со доставувачот

Додека нивната врска била во криза, Ингрид имала афера со доставувач, па решила да направи тест за татковство за да утврди кој е таткото на детето. Излегло дека Винисиус не е... 

„Винисиус и јас не сме заедно некое време. За тоа време бев во врска со друг, а тој во друга врска. И двајцата продолживме со животот. Во меѓувреме дојде и Мајте. Решивме да направиме ДНК тест, кој покажа дека Мајте не е негова ќерка", напишала Ингрид.

Сепак, младиот фудбалер не се мачеше долго по девојка, туку си најде нова, извесна Сандра Гутиерез.


Фото: Инстаграм/„Х“