Сите оние кои тренираат ќе ви кажат дека издржливоста или ПЛАНКОТ е една од најтешките вежби што можете да ги направите ...
Планк или издржливост во скекот е одлична вежба која ја препорачуваат многу фитнес професионалци. Ова е една од најпопуларните и ефективни вежби за стомачната област на вашето тело. Покрај абдоменот, оваа вежба влијае и на многу други мускули, така што рацете, рамената и нозете исто така ќе бидат под голем напор. Ако подолг временски период останете во склекот, ќе почувствувате дека другите мускули почнуваат да се активираат, така што ќе добиете вистински тренинг од оваа стационарна вежба.
Просечна личност може да издржи помеѓу 30 и 60 секунди, што само ќе покаже колку е потребна сила и издржливост за оваа вежба. Сепак, Џорџ Худ, реши да се обиде да го сруши овој рекорд. Тој застана во планк позицијаи по 8 часа, 15 минути и 15 секунди, успеа да постави нов светски рекорд и да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Луѓето не можеа да веруваат дека некој може да издржи толку долго, а Џорџ со насмевка рече дека се’ е можно, кога ќе се навикнете на тренинг на вашето тело и болка.
И да! Годините се само бројка!
Погледнете го видеото: