Го победи својот срам: Овој човек го призна ова пред целиот свет
27- годишниот Лаван Хасан од Шведска има микропенис, тоа значи дека неговите полови органи не се развиле како што треба за време на пубертетот.
Неговите тестиси не се развиле, но не се развил и неговиот пенис. Неговиот полов орган има само 4 сантиметри должина. „Тоа е должина на пенис која ја имаат малите деца“, вели Лаван.
Кога наполнил 12 години, му бил дијагностициран Калман синдром. Според сексолозите, овој синдрм се појавува кај едно дете од 10.000 деца. На Лаван исто така, му било кажано дека нема да може да има деца.
Тој се плашел цел живот дека ќе го види некој гол и ќе ја разоткрие најголемата негова тајна. Но, наеднаш решил дека повеќе нема да се плаши и на социјалната мрежа Facebook напишал детали за големината на неговиот пенис.
Според неговите зборови, тој веќе ја сретнал љубовта на неговиот живот. Исто така на Фејсбук ја споделил и статијата која дозволил на локален медиум да ја објави за него. Им се заблагодарил и на сите кои му дале огромна поддршка.