Го помести тепихот, а под него откри нешто неочекувано: Она што го ВИДЕ, радикално им го промени животот (ВИДЕО)
Фото: pixabay
Една Американка откри дека морала да се исели од својот дом
откако во него пронашла скриен подрум кој наликува на „сет за хорор“
Оваа корисничка на ТикТок објави видео од неочекуваната просторија во нејзиниот дом на оваа социјална платформа, која ја најде во февруари.
Како што вели, сè додека не го сменила тепихот во собата, појма немала дека под него има врата и дрвени скали. Видеото што го објави, покажува како семејството го открило овој дрвен отвор.
Видеото за кратко време стана вирално со над 13 милиони прегледи, а сопственичката рече дека ова многу ги потресло, бидејќи сега е убедена дека нејзината куќа е прогонувана.
„Работите станаа ужасни откако ја отворивме таа врата“, рече таа во новото видео. „Светлата одеднаш се палат секоја вечер во три, ќерка ми, која спиеше цела ноќ, е будна цело време“, открила мајката додавајќи: „Едноставно, вибрациите во домот се чудни, како да стана дом со вознемирувачка околина “.
Таа исто така открила дека куќата почнала да мириса на „скапани јајца“, а смрдеата потекнувала од подрумот. Поради сето тоа, таа одлучи да се пресели во нов дом со своето семејство што е можно поскоро.
Коментарите на луѓето под видеото беа поделени, а имаше многу кои не и веруваа.
Видео: ТикТок