Го сметаа за најгрд фудбалер на светот, а играше за Јунајтед: Страдав од внатре ...
Лук Чадвик имаше многу проблеми во кариерата. Тој е добро познато лице од англиски терени.
Поранешниот член на Манчестер Јунајтед го привлече вниманието играјќи за „црвените ѓаволи“ од 1999 до 2004 година, а имаше епизоди во Вест Хем, Стоук и Норвич.
Сепак, тоа не беа квалитетните игри што го привлекоа вниманието кон Чадвик. Често пати беше прогласен за најгрд фудбалер на светот. Тој често е навреден за неговиот изглед и ја отвори душата за англиските медиуми.
"Ме навредуваа заради изгледот. Тешко беше да се слуша и се чувствував ужасно", рече Чадвик и продолжи:
"Се сеќавам дека луѓето ми велеа дека сум грд и дека ми се големи забите. Тешко беше да се гледа кога сите се смеат на моја сметка. Се чувствував како сите само да зборуваат за тоа".
Чадвик е познат по своите настапи во Манчестер Јунајтед кој го водеше Сер Алекс Фергусон, а со него се чувствуваше важен и посебен.
"Човекот ме натера да се чувствувам толку важно и посебно. Тој беше генијалец. Секое вежбање беше посебно и барањата строги ", рече Лук за ја продолжи повторно приказната за неговиот изглед:
"Ако јас изгледав како другите, ќе беше сè поинаку. Не би ме памтеле за овие работи. Поради изгледот не излегував често. Бев засрамен и беше тешка ситуација. Бев тивок, не зборував премногу. Само ќе одев на тренинзи и ќе се вратев во станот. Се опуштив малку додека старев, но сепак сум тивок и срамежлив “.
Тој исто така признава дека неговите соиграчи често го „задевале“.
„Тие не беа целосно отворени, иако често пати споменуваа. Се чувствував празно, но не сакав да го изразам тоа пред семејството. Се преправав дека тоа не влијае врз мене, но страдав одвнатре“, рече Чадвик.
Тој ја заврши кариерата во 2016 година во дресот на Soham Town Rangers.